logo
logo
logo

Черубини: Роналдо не бара трансфер, Јувентус не го брка

Vecer | 01.07.2021

Черубини: Роналдо не бара трансфер, Јувентус не го брка

Директор на Јувентус, Федерико Черубини очекува португалската суперзвезда Кристијано Роналдо да продолжи да го носи дресот на „бјанконерите“. Шпекулациите за иднината на 36-годишниот напаѓач на стадионот „Алијанц“ не престануваат, но според Черубини во оваа фаза нема индиции дека Португалецот ќе го напушти клубот.

„Нема знаци кои укажуваат на трансфер во заминување – ниту од Кристијано, ниту од наша страна. „Многу сме среќни што тој ќе се приклучи на тимот по паузата“, рече Херубини за време на прес-конференција.

За потсетување Роналдо има уште една година договор со Јувентус но исто така има и огромна плата која е тежок товар за буџетот на клубот.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk