logo
logo
logo

Чернишов со прва победа како тренер на Беласица: Честитки за момците

Vecer | 14.04.2021

Чернишов со прва победа како тренер на Беласица: Честитки за момците

Беласица денеска направи супер – сензација среде Скопје, и тоа на гости кај Шкупи, тимот кој важеше за голем фаворит. Последниот на табелата со одлична игра засЛужено победи со 1:0, иако според играта и шансите, крајниот исход требаше да биде барем 4:1 за струмичани.

Инаку ова беше прва победа на рускиот стратег Андреј Чернишов како тренер на Беласица.

Секако дека сум задоволен, секако дека сите ние во Беласица треба да бидеме задоволни. Да се победи Шкупи на негов терен, а и да се надигра, секако дека не е мала работа. Имавме шанси за поубедлив триумф, имавме неколку зицери, но најважно е што победивме еден така силен тим како што е оној на Шкупи. Јас им честитам на момците, навистина одиграа за секоја пофалба, мое е да кажам само едно – БРАВО за сите оние кои настапија на овој денешен натпревар“ истакна Чернишов специјално за СПОРТМЕДИА.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk