Челзи како клуб до фудбалската федерација на Англија достави предлог со кој предлага летниот преоден рок кој трае до 31 август, да биде пролонгиран за една недела, но само за домашни фудбалери и за домашни траснфери. Поточно, да биде дозволено, англиските клубови да прават трансакции и дилови меѓусебе, и да си разменуваа, позајмуваат или пак продаваат играчи и по завршувањето на официјлниот преоден рок кон странство.

За време на последниот летен преоден рок, кој траеше до октомври, поради пандемијата, англиските клубови имаа и дополнителна недела за домашни трансфери, но тогаш екипите од Премиерлигата можеа да привлечат играчи само од пониските дивизии.

Секако идејата сеуште не е усвоена и е на разгледување во ФА.

 

sportmedia.mk