logo
logo
logo

Челзи рутински го доби Њукасл и се враќа во борба за место во ЛШ (ВИДЕО)

Vecer | 15.02.2021

Челзи рутински го доби Њукасл и се враќа во борба за место во ЛШ (ВИДЕО)

Челзи со 2:0 го победи Њукасл и се израмни со Вест Хем на делба на 4. место на премиерлигашката табела. Лондончани вечерва на својот стадион, практично во едно полувреме го решија прашањето на победникот.

Со голот на Оливие Жиру, тимот на Томас Тухел поведе во 31. минута на мечот, а само 8 минути подоцна, Тимо Вернер успеа да се запише во листата на стрелците со својот петти гол сезонава за предност од 2:0 за „сините“ која практично остана задржана до крајот на мечот.

 

Ова беше четвртта последователна победа на Челзи под водство на Тухел, па оттука и не е случајно враќањето на „сините“ во кругот на главни кандидати за место во Лигата на шампионите следната сезона.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk