logo
logo
logo

Челзи ја има „бомбата“ во рака, плаќа 200 милиони евра за Халанд

Vecer | 25.02.2021

Челзи ја има „бомбата“ во рака, плаќа 200 милиони евра за Халанд

Дека Роман Абрамовиќ може да си приушти се што сака одамна е познато. Но дека сака повторно неговиот Челзи да ги има најскапите фудбалери на денешницата е новост особено ако тука се споменува името на Ерлинг Халанд.

Да, англиските медиуми денес пишуваат дека Роман Абрамович е подготвен и решен, да плати 200 милиони евра за Халанд да пристигне на Стемфорд Бриџ, а доколку на оваа сума секако се додаде и неизбежните бонуси што ги има во секој договор, тогаш веројатно говориме за најскапиот фудбалер на сите времиња.

Челзи веќе извесно време се базира на шопинг во Германија, а Халанд се знае дека во моментов настапува за Борусија Дортмунд. Вернер и Хавертс претходно важеа за најдобрите во Бундес лигата па завршија во Челзи, па очигледно дека управата на овој клуб се повеќе се префрлува на тој пазар.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk