logo
logo
logo

Челзи ја доби „генералката“ пред финалето на ЛШ, Сити ќе почека за титулата (ВИДЕО)

Vecer | 08.05.2021

Челзи ја доби „генералката“ пред финалето на ЛШ, Сити ќе почека за титулата (ВИДЕО)

Во дербито од 35. коло на Премиер лигата, Челзи со пресврт славеше на гостувањето кај Манчестер Сити со 2:1 и ја одложи прослават ана шампионската титула за „граѓаните“.

На Сити му требаше победа за да ја обезбеди титулата денес, но сега „граѓаните“ ќе мора да чекаат на прослава и официјалното прогласување на шампионската титула барем до следното коло.

Сити почна добро и поведе со голот на Стерлинг во 44-та минута, по што следуваше промашен пенал на Агуеро во финишот на првиот дел.

Во второто полувреме гостите приредија целосен пресврт.

Хаким Зијех погоди за 1:1 во 63-та минута,  а во 92. минута Алонсо погоди на центаршутот на Вернер за триумф на лондонски тим.

По оваа победа, Челзи дојде на третото место со 64 бода и е на чекор до обезбедување на пласман во групната фаза од Лигата на шампионите.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk