По два меча без победа пред репрезентативната пауза, Челзи славеше со 2:1 на гостувањето кај лестер во денешниот воведен меч во 12. коло од англиската Премиерлига. Гостите покажаа повеќе од играта и на крајот се чини и заслужено дојдоа до трите бода.
Николас Џексон го отвори резултатот во 16. минута, а Челзи успеа да ја зголеми предноста и на 0:2 со голот на Енцо Фернандез во 75. минута.
Домашните притискаа, се обидуваа да го најдат патот до мрежата на гостите, па во последната минута од продолженијата добија пенал, кој Џордан Ају го претвори во гол за конечни 1:2.