logo
logo
logo

Челзи и Ридигер ја продолжуваат соработката

Vecer | 07.05.2021

Челзи и Ридигер ја продолжуваат соработката

Челзи планира да му го продолжи договорот со својот германски дефанзивец Антонио Ридигер, објави „Скај Спорт“.

Според изворот, лондончани на крајот на оваа сезона ќе разговараат за нов договор со 28-годишниот играч. Во сезоната 2020/21, Рудигер одигра 29 натпревари за Челзи и има една асистенција. Договорот на актуелниот фудбалер важи до крајот на јуни 2022 година.

Претходно, Ридигер призна дека е бил близу да го напушти клубот минатото лето.

„Минатото лето имаше навистина два тима кои беа активно заинтересирани за мене. Да бидам искрен, една од овие екипи беше ПСЖ, каде што работеше Томас Тухел во тоа време. Покрај понудата од Парижаните, се јави и Жозе Мурињо, кој ме повика во Тотенхем. Но, на крајот, ништо не се случи“, рече Рудигер.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk