Екипата на Челзи со 2:0 го совлада соседот Фулам и ја продолжи трката по место во Лигата на шампионите. „Сините“ ја запишаа 17-тата победа сезонава, а головите денеска ги постигна Каи Хаверц, првиот на асистенција на Маунт, а вториот на додавање на Вернер.

Челзи по 34. кола е на четвртото место со 61 бод, два помалку од третиот Лестер, а шест помалку од второпласираниот Манчестер Јунајтед. Лидерот Сити има 80 бода.

Фулам е на 18. место со 27 бода и му се заканува испаѓање. Челзи нема пораз од Фулам на домашен терен на 19 натпревари или поточно од октомври 1979 година. Голманот Едуард Менди продолжи со својата инзвонредна статистика и сега има 16 „суви мрежи“ на 27 премиерлигашки настапи, сега е втор на оваа листа после Едерсон од Сити со 17 меча без примен гол.


sportmedia.mk