Финалистот во Лигата на шампионите, екипата на Челзи, направи голем исчекор на патот до место во најквалитетното европско клупско натпреварување и следната сезона, откако вечерва пред своите навивачи славеше над екипата на Лестер со 2:1. „Сините“ иако имаа два поништени гола во првото полувреме, не се обесхрабрија, и во вториот дел направија голем исчекор кон победата уште на самиот старт на полувремето.

Ридигер погоди во 47. минута за водство од 1:0, додека Жоргињо од пенал во 66. минута зголеми на 2:0.

Лестер се врати во игра со голот на Ихеаначо во 76. минута, а до крајот имаше уште неколку одлични шанси за реми кои не успеа да ги искористи.

 

sportmedia.mk