logo
logo
logo

Челзи ги вклучи фановите во управувањето на клубот

Vecer | 05.05.2021

Челзи ги вклучи фановите во управувањето на клубот

Навивачи на Челзи од 1 јули ќе учествуваат во управувањето на клубот. Претставници на навивачите ќе имаат право да присуствуваат на состаноците на управата и да гласаат при донесување на важни стратешки решенија околу иднината на клубот, соопшти Челзи на официјалниот сајт. Учесниците на овие состаноци на Бордот на директори треба да потпишат договори за доверливост, дека нема да ги пренесуваат информациите во јавноста и без дозвола на клубот.

Навивачите ќе имаат право на глас, но нема да заземаат став во спортските и техничките активности во врска со изборот или работата во академијата. Од претставниците на навивачите се бара да присуствуваат на состаноците најмалку четири пати годишно, а доколку е потребно и повеќе.

Како што е познато Челзи се повлече од идејата за формирање на Суперлигата по жестокиот притисок од страна на навивачите. Тие веднаш го кренаа гласот против разорувачката политика на клубот, па челниците мораа да се повлечат.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk