logo
logo
logo

Чеферин: Публика на Евро ќе има и нема поинаку

Vecer | 19.03.2021

Чеферин: Публика на Евро ќе има и нема поинаку

Претседателот на УЕАФ Александер Чеферин во својата последна изјава беше дециден околу начинот на кој ќе биде организирано следното Европско првенство на кое е учесник и Македонија.

Тој стриктно им наложи на градовите организатори првично дванаесет на број дека нема да дозволи мечевите да ги организираат без публика и дека доколку тоа се случи организацијата ќе им биде одземена.

„Секој град мора да гарантира дека ќе има публика на мечевите. Без публика мечеви нема да има. Така одлучивме и така и ќе биде“ – изјави Чеферин па додава.

„Идеално би било да сите дванаесет градови бидат во игра, но доколку некој отпадне ќе организираме со еднаесет, десет, девет…. Се надевам дека нема да мораме да ја менуваме шемата и распоредот, но ако е тоа потребно и ќе се случи“ – вели првиот човек на Европскиот фудбал.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk