logo
logo
logo

Чеферин: „Ањели е најголемиот лажго кого сум го видел, Перез сака претседател кого ќе може да го контролира

Vecer | 22.04.2021

Чеферин: „Ањели е најголемиот лажго кого сум го видел, Перез сака претседател кого ќе може да го контролира

Претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Александар Чеферин, синоќа во интервју за словенечките медиуми, зборуваше за последните настани на европската фудбалска сцена.

Чеферин засега успеа да го запре проектот за создавање на Суперлигата, а тој истакна дека најмногу е разочаран од претседателот на Јувентус, Андреа Ањели.

„Никогаш не сум видел некој да лаже толку многу“, рече Чеферин и тоа влијаеше и на претседателот на Реал, Флорентино Перез, кој застана зад својот колега во создавањето на лига на богатите.

Чеферин ги прокоментира и изјавите на Перез упатени кон него.

„Тој не сакал претседател како мене? За мене е уште поголемо задоволство да останам. Тој сака претседател кој ќе го слуша и ќе прави што сака тој. Се обидувам да направам само добро за фудбалот“, вели Словенецот.

Да не беше договорот за ТВ-права, Реал Мадрид веројатно ќе беше исфрлен од полуфиналето во Лигата на шампионите поради ставовите на неговиот претседател.

„Има малку шанси да не се одигра полуфиналниот натпревар меѓу Реал Мадрид и Челзи. Сезоната е во тек и телевизиите ќе бараат обештетување доколку не се одигра натпреварот”, рече Чеферин.

Сепак, односите со одредени клубови никогаш повеќе нема да бидат исти.

„Вратите на УЕФА се секогаш отворени, но одредени клубови ќе мора да сносат последици. Сите се членови на нашата организација, но со некои луѓе мојот однос повеќе нема да биде ист. Сите ме разочараа, но да речеме дека Барселона најмалку. Жоан Лапорта немаше ништо во негови раце и го направи вистинскиот потег одлучувајќи членовите на клубот да одлучат за сè“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk