logo
logo
logo

Чави: Сега не е време да се зборува за враќање на Меси, но Барселона е клубот на неговиот живот

Vecer | 31.03.2023

Чави: Сега не е време да се зборува за враќање на Меси, но Барселона е клубот на неговиот живот

И покрај фактот што денешната прес конференција во тимотна Барселона беше наменета како најава за мечот против Елче викедов, тоа не ги спречи новинарите во Каталонија повторно да се зафатат со нивната омилена тема изминативе две години. Кога и дали Лионел Меси би можел да се врати на Ноу Камп.

Тоа тренерот Чави веројатно и го иритира, затоа што едноставно премногу време се посветува на таа тема, а не се става фокусот на она што е најважно, резутатите на тимот во моментов.

„Мислам дека не е време да се зборува за враќањето на Меси. Често разговарам со Лео, но сега не е време. Ниту за Лео, ниту за неговиот следен клуб. Тоа е тема со која се занимаваме, но е многу далеку. Се надевам дека можеме да сметаме на Лео да се врати во Барса на кој било начин. Ова е клубот на неговиот живот“ . – рече Чави па додаде

„ Фокусирани сме на освојување трофеи. Вие сте експерти за промена на темата и не разбирам зошто луѓето зборуваат за трансфери. На чекор сме од освојување титули и сега зборуваме за потписи. Елче и финалето на купот, тоа е она што е важно “, додаде Чави.

 Да, секако дека сакам Меси да се врати. Не ме сфаќајте погрешно. Го гледав како расте, тој ми беше соиграч. Знам каков одличен фудбалер е. За мене, тој е пример на професионалец. Нормално да се возбудуваш на „последен танц“ како на пример со Мајкл Џордан. Најдобар показател за тоа е Камп Ноу. Кога ќе го видиш полн и како се прославува голот против Мадрид. Термометарот на Камп Ноу не мами. Враќањето на Меси ќе зависи од многу фактори. Ние зависиме од финансискиот фер-плеј. Она што повеќе ќе зависи е волјата на Лео. Тој знае дека ова е неговиот дом и ќе зависи од него. Мора да се соберат многу околности “, рече тренерот на Барселона.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk