logo
logo
logo

Чави потпишува нов договор со Ал Сад но под еден услов

Vecer | 05.05.2021

Чави потпишува нов договор со Ал Сад но под еден услов

Шпанскиот тренер Чави Ернандез ја освои шампионската титула во Катар со својот Ал Сад и тоа на импресивен начин. Ал Сад се „прошета“ во лигата оваа сеона која ја завршија без пораз (19 победи и три нерешени резултати) и со импресивна гол разлика 77:14.

За Чави ова е прва шампионска титула, а претходно два пати го освојуваше Купот и Супер купот. Чави со Ал Сад има договор до јуни оваа година, но соработката ќе биде продолжена. Договорот ќе биде потпишан во наредните денови, а Чави се согласил на тоа но сакал да биде ставена и клаузула дека може да си оди бесплатно доколку го побара Барселона за тренер, неговиот поранешен клуб како играч.

Чави одамна се поврзува со кормилото на Барселона, еднаш ги одби затоа што сметаше дека не е време за таков предизвик затоа што тој сака да почне на чисто, по завршување на сезоната и полека да го гради тимот. Тој не ја крие идејата еден ден да стане тренер на Барселона, а можеби во блиска иднина ќе го видиме и тоа.

Засега Роналд Куман останува на чело на екипата од „Ноу Камп“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk