logo
logo
logo

Чаневски: Кога се игра со преголем респект...секоја чест за Вардар!

Vecer | 15.05.2021

Чаневски: Кога се игра со преголем респект...секоја чест за Вардар!

Е. Пелистер не успеа да го победи Вардар и да го освои Купот на Македонија во ракомет. Попладнево во салата Автокоманда во Скопје, битолчани загубија од вардарци во решавачкиот меч со 26-24. Па така сега ќе мораат да чекаат на нова шанса во Купот за овсвојување на пехарот.

Свој коментар по мечот имаше голманот на Е. Пелистер, Градимир Чаневски…

Мислам дека во ова финале влеговме со преголем респект. Тоа ни создаде проблеми, во првиот дел имавме минус кој ете не успеавме до крајот да го достигнеме. Се трудевме, го дадовме максимумот, ги вложивме сите напори, но не успеавме да стигнеме. Им честитам на победницитем, на ракометарите на Вардар, за титулата, заслужено, секоја чест. Сметам дека решавачко беше искуството на противникот, ние сме нова екипа, допрва доаѓа нашето време“ истакна голманот на битолчани.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk