logo
logo
logo

Чаневски: И ние сме во добра форма како и тие, детали ќе одлучуваат

Vecer | 22.03.2021

Чаневски: И ние сме во добра форма како и тие, детали ќе одлучуваат

Градимир Чаневски и останатите соиграчи посакуваат уште една успешна епизода на европска сцена. Е. Пелистер го има Магдебург за противник во осминафиналето, на сите добро им е познат бундес-лигашкиот ракомет, но тоа пак е дополнителен мотив за сите во тимот.

“Магдебург е одлична екипа и игра во одлична форма. Наша цел е барем да извадиме нерешен резултат на првиот натпревар во Битола. Ќе биде добро да заминеме во Германија со позитива. Добро играме и ние, и ние сме во добра форма како и тие. Детали ќе одлучуваат, па ако бидеме на ниво, мислам дека ќе патуваме за Магдебург со позитива”, вели Чаневски.

Добрата сезона им влева надеж на битолчани дека можат до позитивен резултат.

“Мислам дека поголем предизвик е за нив да ја освојат Битола. Ние играме добра сезона, добро играме на домашен терен и верувам дека тоа ќе го потврдиме во вторник.

Магдебург е одлична екипа, играат добра одбрана, многу трчаат и влечат полуконтра. Наше е да се враќаме брзо и да трчаме. Мислам дека не треба да дозволиме да нè наттрчаат”.

Првиот дуел меѓу Е. Пелистер и Магдебург се игра утре со почеток во 20:45 часот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk