logo
logo
logo

Чаланоглу го прозва Ибрахимовиќ: Што се перчи кога тој не даде никаков придонес за Скудетото…

Vecer | 23.06.2022

Чаланоглу го прозва Ибрахимовиќ: Што се перчи кога тој не даде никаков придонес за Скудетото…

За време на шампионската парада на Милан Златан Ибрахимовиќ го навреди Чаланоглу. Ги повика навивачите да пеат против турскиот репрезентативец кој го напушти Милан и отиде во Интер во 2021 година.
А Чаланоглу сега му одговори на шведскиот напаѓач.
Kaко прво, има 40 години, а не 18. Зарем нормално е таквото негово однесување. Јас не би правел такви работи кога ќе имам толку години. Тој само сака да биде во центарот на вниманието.

Како второ, тој не придонесе во освојувањето на Скудетото на Милан. Па тој речиси да не играше, но истовремено прави се за фокусот да биде насочен кон него.

Навистина невкусно и грдо од личност која редовно ми се јавуваше ме канеше на вечери или да возиме мотори кога бев во Милан.

Слушнав пишал нешто за мене во својата книга. Мора да напише нешто, во спротивно тоа ќе има празни страници. Подобро тука да престанам да зборувам и да престанам повеќе да се заморувам со него“, изјави турскиот фудбалер во интервју за „Тивибу спорт“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk