Бразилскиот „ESPN“ правел анкета на плоштадот на Републиката пред натпреварот меѓу „кариоките“ и Србија на Мундијалот. Новинарот се вклучил во програма од центарот на Белград, а потоа прашал едно младо момченце за прогноза, токму неговиот „остар“ одговор наиде на симпатии на социјалните мрежи.

 

– Мислам дека Србија ќе победи со 3:0. Митровиќ во првото полувреме ќе постигне два гола, а во вториот дел стрелец ќе биде Влаховиќ. Вашата одбрана ќе се исплаши и Нејмар ќе падне на земја и ќе плаче како бебе, изјави ова момче.

Новинарот изненаден од одговорот на детето, во еден миг рече дека одговорот е провокативен, се разбира со насмевка.

Да потсетиме, натпреварот помеѓу Србија и Бразил е закажан за утре од 20 часот.