Тој е најзаслужен за пласманот на СП

Цела Панама го слави момчето што ги додаваше топките (Видео)

Фудбалската репрезентација на Панама се пласира на Светското првенство во Русија, откако ја совлада Костарика со 2:1. Роман Торес го постигна победничкиот гол во 88.минута, но цела Панама го слави момчето кое ги додаваше топки.

По примениот гол, Костарика тргна во фуриозни напади кон голот на Панама, а во еден момент, момчето што додава топки истрча крај аут – линијата и ја шутна топката далеку наместо да ја врати назад за фудбалерите на гостинската селекција. Срамен потег од спортски аспект, но 'херојски' кога е Панама во прашање...



Поврзани

Најнови вести

Коментари