logo
logo
logo

Ц. Звезда - Милан и дефинитивно пред празни трибини!

Vecer | 16.02.2021

Ц. Звезда - Милан и дефинитивно пред празни трибини!

Натпреварот меѓу Црвена звезда и Милан, кој ќе се одигра во четврток во Белград, ќе се одигра без присуство на публика, потврди Кризниот штаб на Република Србија.

Првиот епидемиолог во соседството, Кон, вечерва потврдил дека навивачите на Ц. Звезда нема да можат да го следат во живо првиот дуел од 1/16-финалето во Лигата на Европа против великаните од „Сан Сиро“.

„Не можеме да дозволиме никаков собир, дури ни на споменатата средба, бидејќи епидемиолошката состојба се влоши последниве денови. Особено во Белград. Во таква ситуација, секој собир во голем број не може да помине. Тоа е позиција на медицинскиот дел од кризниот штаб и таа нема да се промени“ , изјавил Кон.

Во Белград се надеваат дека има надеж да добијат дозвола за пополнување на 30% од капацитетот на стадионот, со што УЕФА се согласи, но се појави проблем што епидемиолошката состојба во Белград се влоши во последните денови.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk