logo
logo
logo

Бутел Скопје со целиот плен против жилавите стружани

Vecer | 26.03.2021

Бутел Скопје со целиот плен против жилавите стружани

Бутел Скопје и Струга одиграа интересен натпревар во третото коло од плеј-офот во Супер-лигата. На крајот бодовите останаа во таборот на домашниот тим, во драматичен финиш славеше со 22-21 за втора победа.

Стружани само на почетокот на двете полувремиња имаа има водство (1-2 и 12-13). „Бутелци“ во продолжение на првиот период одржуваа позитива од два до три гола, на одморот беше 12-10. По одморот гостите со серија од 3-0 поведоа со 12-13. На другата страна Бутел Скопје веднаш имаше одговор, дојде на плус четири (17-13). Комотната предност на крајот беше под знак прашалник, но искуството пресуди.

Трифковиќ со седум гола беше прв стрелец, на другата страна Ракочија запиша девет.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk