logo
logo
logo

Бурна прес-конференција на Анчелоти, застана во одбрана на својот играч (ВИДЕО)

Vecer | 07.02.2023

Бурна прес-конференција на Анчелоти, застана во одбрана на својот играч (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид отпатуваа за Мароко каде ги очекува настап на Светското клупско првенство, а денеска Карло Анчелоти одржа прес-конференција пред натпреварот против Ал Ахли, каде беше доста бурно кога еден од новинарите го спомна Винисиус Жуниор.

Оваа средба доаѓа по неочекуваниот пораз на гости кај Мајорка (1:0), поради што сега заостануваат осум бода зад лидерот Барселона. Згора на се тука се шпекулациите дека Карло Анчелоти би можел да добие отказ доколку не ја освои титулата во Мароко и дека му е поставен ултиматум бидејќи клубот во последно време не е задоволен од резултатите.

Анчелоти денеска беше на прес-конференцијата пред натпреварот против Ал Ахли, но беше очигледно колку е нервозен, еден од новинарите праша за Винисиус Жуниор, кој повторно е во центарот на скандалот. Тој беше обвинет дека ги провоцирал и навредувал навивачите на Мајорка, а прашањето за Бразилецот го налути тренерот на Реал.

Анчелоти не се согласува со ваквите тврдења и изјави дека Винисиус е жртва во сето ова поради расистичките навреди кои ги добива речиси секогаш кога игра Реал Мадрид.

“Да те прашам. Што е проблемот со тоа? Винисиус или неговите соиграчи кои можеби не го бранат доволно? Од што треба да се брани, кажи ми од што? Проблем е она што се случува околу Винисиус и тоа е проблем на Ла Лига која треба итно да го реши. Винисиус е жртва и не ги разбирам сите ваши тврдења за него“, изјави Анчелоти.

Винисиус често е вовлечен во вакви скандали, а многумина го критикуваа за неговото однесување на натпреварот против Мајорка. Ги провоцирал играчите и навивачите на тој клуб, па дури и правел непримерни потези кон судијата, но остана неказнет.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk