logo
logo
logo

Бундеслигашите до крај на сезона или дома или во клуб.... и на ниедно друго место

Vecer | 22.04.2021

Бундеслигашите до крај на сезона или дома или во клуб.... и на ниедно друго место

Водството на Бундеслигата во корелација со власите во Германија донесоа одлука, фудбалерите кои се дел од најсилното друштво во оваа земја до 12 мај додека трае овогодинешната сезона да бидат во своевиден карантин.

Поточно да смеат да се движат на релација дом – клуб, и да бидат присутни само на тие две места.

Оваа одлука е донесена како претпазливост затоа што коронавирусот повторно почна да се појавува помасовно меѓу клубовите и веќе Херта Берлин но и три второлигаши ќе мора да ги одложат мечевите поради повеќе заразени фудбалери.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk