logo
logo
logo

БУНДЕСЛИГА: Баерн на победа до титула, Шалке и официјално испадна (ВИДЕО)

Vecer | 20.04.2021

БУНДЕСЛИГА: Баерн на победа до титула, Шалке и официјално испадна (ВИДЕО)

Баерн Минхен го совлада тимот на Баер Леверкузен, и сега избега 10 бодови на четири гола до крајот на првенството. Лајпциг претходно беше поразен од тимот на Келн, па така сега на „Баварците“ им е потребна само уште една победа за да ја обезбедат титулата.

Головите за Баерн ги постигнаа Чупо-Мотинг и Кимих. Практично Баерн за 13 минути го реши победникот.

Ајнтрахт Франкфурт го доби дуелот со Аугзбург со 2:0, важен за местото во Лигата на шампионите.

Шалке и официјално е второлигаш. Тимот од Гелзенкирхен заостанува 13 бода од местото кое носи во бараж, на четири кола до крајот, што е јасно дека не може ниту теоретски да го обезбеди опстанокот.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk