logo
logo
logo

Буфон: „Mи се јавиja oд Фламенго, сакаат да ме ангажираат“

Vecer | 13.05.2021

Буфон: „Mи се јавиja oд Фламенго, сакаат да ме ангажираат“

Славниот италијански голман Џанлуиџи Буфон објави дека дефинитивно го напушта Јувентус по завршувањето на сезоната во Серија А. Се уште не е сигурен дали ќе продолжи или ќе се пензионира. Ќе почека да види дали има заинтересирани за неговите услуги, па потоа ќе одлучи.

„Ми се јавија од Фламенго. Сакаат да ме ангажираат. Меѓутоа ги одбив, сакам да останам поблиску до домот“, изјави Буфон за „ТНТ Бразил“.

„Не знам која е тајната да се игра фудбал на 43 години. Претпоставувам дека тоа зависи од карактерот, телото и секако среќата, затоа што тоа прави голема разлика“, додаде Буфон.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk