logo
logo
logo

Буфон ќе брани до својата 45-та година и тоа во клубот кој сите го сакаме?

Vecer | 10.04.2021

Буфон ќе брани до својата 45-та година и тоа во клубот кој сите го сакаме?

 

Џиџи Буфон нема намера да престане да брани, иако легендарниот голман има 43 години. Факт е дека тој во Јуве е во втор план, Шчесни е во предност, па затоа во јуни има намера да си замине од Торино. Во повеќе наврати истакнал дека ако нема добра понуда можеби и ќе замине во пензија, но дека и натаму сака да брани. Најновата вест од Италија е дека Буфон во следната сезона ќе го чува голот на клубот кој сите го сакаме, сите искрени фанови на фудбалот. А тоа е тимот на Аталанта од Бергамо. Имено челниците на Аталанта размислувале на некогашниот репрезентативен голман да му понудат двегодишен договор, посебно ако изборат пласман во Лигата на Шампионите, со назнака дека тој ќе биде првиот голман на тимот.

Секако дека ова е супер вест за самиот Буфон, кој ако ја прифати таа евентуална понуда ќе брани до својата 45-та година и со тоа ќе го надмине и легендарниот Дино Зоф.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk