logo
logo
logo

Будуќност ја одбрани шампионската титула во Црна Гора

Vecer | 11.04.2021

Будуќност ја одбрани шампионската титула во Црна Гора

Фудбалерите на Будуќност од Подгорица од денеска и официјално се новите (стари) фудбалски шампиони на Црна Гора. Освен што ја освоија титулата, тие станаа и официјално најтрофејниот црногорски клуб.

Будуќност замина за Никшиќ со идеја да освојат и бод кој им ја гарантираше титулата, но ги освои сите три и во одличен стил стигна до петтата титула, втора по ред и трета во последните пет години.

„Сините“ ја совладаа Сутјеска со 1:0, со што успеаја да и избегаат на Сутјеска со 26 бода разлика на седум кола пред крајот. Тимот од Подгорица ја освоија петтата титула и го престигнаа Рудар по бројот на трофеи. Будуќност, покрај пет титули, има и два Купа.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk