logo
logo
logo

Бруклин го декласира Милвоки со 39 разлика, Феникс поведе против Денвер (ВИДЕО)

Vecer | 08.06.2021

Бруклин го декласира Милвоки со 39 разлика, Феникс поведе против Денвер (ВИДЕО)

Нетси итаат кон финалето во Источната конференција, иако во составот го немаат Џејмс Харден лесно дојдоа до втората победа. Бруклин одиграа одличен натпревар, им одржаа вистинска лекција на Бакси. Веќе по првата четвртина беше јасно дека кошаркарите на Милвоки нема лесно да минат.

Првата четвртина им припадна на Нетси со 36-19, додека на полувреме беше 65-41, по ова водство беше јасно дека овој меч ќе заврши во корис на Бруклин.

Кевин Дурент со 32 поени, 6 асистенции и 4 скока беше прво име, зад него беше Кајри Ирвинг со 23 поени, 6 асистенции и 5 скока. Кај Милвоки, Јанис Адетокумбо запиша 18 поени и 11 скока.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=61lZWlc3ghg[/embed]

Многу добар меч одиграа Денвер и Феникс, на крајот победата ја однесоа Санс, кои поведоа со 1-0.

Во првото полувреме беше изедначено, на паузата Нагетси имаа минимална предност од 58-57, но Феникс заигра многу подобро, на крајот славеше со 122-105. Бридџес постигна 23 поени, Букер и Крис Пол запишаа по 21. На другата страна Никола Јокиќ реализираше 22 поени.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=kM-Li8UTa8A[/embed]

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk