logo
logo
logo

Бруклин доминираше во јубилејот на Леброн Џејмс (ВИДЕО)

Vecer | 19.02.2021

Бруклин доминираше во јубилејот на Леброн Џејмс (ВИДЕО)

Бруклин ја продолжи победничката серија од пет меча совладувајќи го ЛА Лејкерс со 109-98. Нетси го „расипаа“ големиот јубилеј на Лебројн Џејмс, кој постана третиот играч во историјата на НБА-лигата со 35.000 поени.

На листата на стрелци пред него се Карим Абдул Џабар со 38.387 и Карл Мелоун со 36.938 поени.

Леброн до ова големо достигнување дојде како најмлад и играч на кој му требаа помалку натпревари – 1295, односно 28 помалку од Џабар и 74 од Мелоун.

Јунилејниот поен го постигна во втората четвртина, средбата ја заврши со 32 поени, осум скока и седум асистенции. Но, на Лејкерси повеќе му фалеа поените на Ентони Дејвис отколку на Нетс, Кевин Дурент.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=XSFDZemvjL8[/embed]

Кај победникот, Џејмс Харден дојде до 11. дабл-дабл во низа, овој пат од 23 поени и 11 асистенции, Кајри Ирвинг имаше 16 поени, но затоа тука беше Харис со 21 поен. За Нетси ова беше петти триумф во низа, а четврти во турнејата на Западаот, со скор од 19-12 се на второто место на Истокот со меч помалку од лидерот Филаделфија.

На останатите две средби Милвоки беа совладани од Торонто со 110-96, додека Мајами го совлада Сакраменто со 118-110.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk