Тимот на Лестер вчера загуби во рамките од викенд колото во Премиер лигата на гостувањето кај Вест Хем со конечни 3:2. Иако резултатот не изгледа баш така, сепак, домаќините доминираа на овој меч и реално Лестер не заслужи ништо повеќе од пораз.
Трненерот на Лестер, Брендан Роџерс по мечот упати сериозно критички зборови кон дел од своите фудбалери. Но не кон оние кои беа на теренот, туку кон оние кои не беа.
Имено, Џејмс Медисон, Чадури Хамза, Харви Барнс, и Аоисе Перез не беа дел од составот, но од неоправдани причини. Барнс и донекаде оправдано, не се опорави навреме од повреда, но останатите тројца ги прекршиле ковд правилата и во саботата заминале на забава.
Биле откриени нормално и автоматски суспендирани од настап.
“Лично сум екстремно разочаран. Ова е сериозен прекршок. Мојата цел кога дојдов во Лестер беше да поставам стандарди и на теренот и надвор од нив. Овие играчи не ги испочитуваа тие стандарди. Ова е сезона во која ние се бориме за големи нешта, и тоа сите треба да го сватат. Тие направија грешка и беа казнети. Ова е веќе во минатото, иако не беше совршено време за тоа. Овој меч беше важен за нас, но некои работи се поголеми од фудбалот “, изјави Роџерс.
sportmedia.mk