logo
logo
logo

Бразилска водителка на Мундијалот е „МЕТА“ на критики за нејзиниот стајлинг - Што мислите вие?! ФОТО

Vecer | 23.11.2022

Бразилска водителка на Мундијалот е „МЕТА“ на критики за нејзиниот стајлинг - Што мислите вие?! ФОТО

Бразилската водителка и актерка Дебора Секо предизвика многу коментари за нејзиниот стајлинг за време на шоуто поврзано со Светското првенство во фудбал.

Имено, на многумина не им се допадна послободниот избор на облека на оваа водителка, па по завршувањето на програмата која се емитуваше во живо, на нејзина сметка се слеваа критики.

„Дали е модна ревија или Светско првенство? праша еден гледач.

Други коментираат дека иако им се допаѓа водителката, нејзината облека е многу несоодветна за спортскиот настан што се одржува во Катар.

„Вие сте прекрасни, без сомнение, но мораме да имаме почит и да се облечеме соодветно за спортски настан. Уште повеќе кога настанот е во Катар“, „Дали сте запознаени со таа култура? Тоа е сосема поинакво од она на што сте навикнати“, се само некои се од коментарите.

Водителката не се двоумеше да одговори на критичарите кои негодуваа на нејзиниот избор на облека додека известуваше од Светското првенство во Катар.

Секо на Инстаграм напиша: „Не ми е гајле - јас сум тоа што сум“. Водителката го следеше Светското првенство на бразилскиот канал SporTV во програмата „Tá na Copa“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deborah Secco (@dedesecco)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk