logo
logo
logo

Бразил со шест дебитанти: Меѓу нив Жоеилтон од Њукасл и „Русинот“ Малком

Vecer | 30.05.2023

Бразил со шест дебитанти: Меѓу нив Жоеилтон од Њукасл  и „Русинот“ Малком

Бразилскиот национален тим на својата веб-страница објави листа на играчи кои се повикани за пријателските натпревари со африканските селекции на Гвинеја на 17 јуни во Барселона и со Сенегал на 20 јуни во Лисабон.

На списокот на привремениот селектор Роман Менезес се најдоа шест дебитанти.

Напаѓачот Малком е на списокот. Тоа е момче кое е родено во Сао Пауло, играше за Бордо, Барселона, а сега е во Зенит од Санкт Петербург. Тој има руско државјанство со тоа и право на настап за Русија, меѓутоа сепак ќе добие шанса да заигра за најсилната селекција на Бразил. Тој го сврте вниманието со своите 26 гола во руската Премиер лига сезонава.
До сега настапувал за младите селекции на „Селесао“.

Дебитанти се уште дефанзивците Нино од Флуминензе, Аиртон Лукас од Фламенго, Вандерсон од Монако, потоа играчите од средниот ред Андре од Флуминензе и Жоелинтон од Њукасл.

Седум играчи се од домашното првенство.

Изоставени се Антони и Фред двајцата од Манчестер Јунајтед, Нејмар од ПСЖ, Габриел Жесус од Арсенал, Рафиња од Барселона, Габриел Мартинели од Арсенал, Роберто Фирмино од Ливерпул.

СПИСОКОТ НА БРАЗИЛ
Голмани: Алисон, Едерсон, Вевертон

Одбрана: Маркињос, Данило, Едер Милитао, Алес Телес, Роџер Ибањез, Нино, Аиртон Лукас, Вандерсон

Среден ред: Касемиро, Лукас Пакета, Бруно Гимараеш, Рафаел Веига, Жоелинтон, Андре

Напад: Ришарлисон, Винисиус, Родриго, Педро, Рони, Малком


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk