logo
logo
logo

Бразил остана без центарфор

Vecer | 04.12.2022

Бразил остана без центарфор

Фудбалерот на Арсенал и бразилски репрезентативец Габриел Жезус ќе отсуствува од терените најмалку три месеци поради операција на коленото.

Жесус го повреди коленото на натпреварот против Камерун (0:1) во третото коло од групата Г на Светското првенство во Катар.

На овој меч се повреди и Алек Тељес, додека Нејмар е надвор од теренот по мечот со Србија.

Британските медиуми наведуваат дека Жесус е првата замена за Ричарлисон, а фудбалерот на Арсенал одигра 59 натпревари за Бразил и постигна 19 голови.

Тој во летниот преоден рок пристигна во Арсенал од Манчестер Сити за 52 милиони евра.

За Арсенал постигна пет гола и имаше шест асистенции, а поради операција на коленото ќе мора да пропушти најмалку 12 натпревари на својот клуб во Премиер лигата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk