logo
logo
logo

Браво МАКЕДОНИЈО: Само лесен тренинг пред Германија!

Vecer | 28.03.2021

Браво МАКЕДОНИЈО: Само лесен тренинг пред Германија!

Јасно е дека Лихтенштајн и не е којзнае какво мерило со оглед на тоа дека вечерва во Скопје, на Арената беше очаен. Но, но сепак, да се победи една репрезентација со 5:0, па макар и ваков Лихтенштајн, секако дека не е мала работа.

Може да радува играта, посебно реализацијата и ова треба само да се сфати како лесен тренинг пред гостувањето кај гигантот Германија во среда во Дуисбург. Токму кај “панцирите“ Пандев и компанија треба да ја докажат својата вистинска сила. Токму кај една од најсилните репрезентации.

Можеме да бидеме задоволни од Барди, секако Алекс, Елмас даде гол, Нестор од пенал во “паненка“ стил, но не и од “пораката“ која фудбалерот на Удинезе ја пушти до домашната фудбалска јавност. Такво однесување не му доликува на еден репрезентативец на Македонија.

Штета што и капитенот Пандев не се запиша во листата на стрелците со што оваа вечер ќе беше совршена.

Дури сега треба да бидеме свесни што пропуштивме во Букурешт. Како ли добро ќе ни дојдеше тој макар еден бод.

Момци, сега не треба главите да летаат до небо. Сега треба да се докажете кај најдобриот, кај Германија.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk