logo
logo
logo

БРАВО: Е. Пелистер го победи шампионот на земјата која е светски првак

Vecer | 16.02.2021

БРАВО: Е. Пелистер го победи шампионот на земјата која е светски првак

Во осмиот меч од групата Д во Европската лига, Е. Пелистер со 32:31 (15:16) успеа да го победи ГОГ Гудме вечерва во Битола. Го победи шампионот на земјата која стана светски првак на Мундијалот во Египет.

БРАВО ЗА Е. ПЕЛИСТЕР.

А ГОГ Гудме силен, дури со четворица во своите редови од составот на Данска од Мундијалот.

Инаку битолчани добро го започнаа мечот, и тоа со 2:0. Гостите од Данска првите голови ги постигнаа од седмерци, од огра првиот им беше дури во 9.минута. Е. Пелистер беше тој што ги контролираше настаните на паркетот во празната сала “Боро Чурлевски“ во Битола, имаше водство и од 5:2. Имаше постојано водство, некогаш и со три голови. Сепак во 13.минута ГОГ Гудме дојде до првото водство од 7:6, кое успеа да го одржи до паузата, на која се замина со 15:16 за гостите од Данска. Во финишот на првиот дел “проработе“ Стјепановиќ, Периќ беше постојано активен. Исто на потребното ниво беше и Мараш. Кај гостите одличен беше Јакобсен.

Вториот дел гостите го стартуваа во ист ритам, се играше отворено, брзо, и од двете екипи. Барем во тие први моменти. А Данците љубоморно го држеа тоа водство од два разлика. Битолчани не се предаваа, од петни жили се обидуваа да дојдат до резултатски егал.

Тоа се случи во 39.минута кога Хендави одбрани а Костески од контра успеа да израмни на 22:22. Следуваше седмерец за водство, но Периќ не успеа да релизира, штета. Тоа ќе беше прво водство за Е. Пелистер по долго време на овој натпревар. Последен пат водеше со 6:5 во првиот дел.

Сепак дојде тоа водство, сега битолчани имаат 23:22. Добар беше Е. Пелистер во тие моменти. И тоа не е се, Костески со петтиот свој гол му носи водство на својот тим од два разлика. И одбраната беше на своето ниво.

Кукуловски погодува за 25:22, домашните се во серија од четири голови.

Интересен натпревар, квалитетен од страна на Е. Пелистер. На моменти дури и атрактивен. Во 49.минута пех, се повреди Кукуловски, па мораше да го напушти паркетот.

Во последните пет минути од мечот Е. Пелистер влезе со предност 31:29. Секако дека на ГОГ Гудме не му беше сеедно.

На 2.5 минути до крајот Хендави му одбрани седмерец на Олсен. На 42 секунди битолчани имаа гол разлика. Сепак на крај домашна радост.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk