БРАВО: 12 годишниот Марко го преплива Охридско езеро (ВИДЕО)

Марко Пејчиноски утрово во 10:30 часот влегол во Охридското езеро и за помалку од осум часа при не баш идеални услови поради силен северен ветер, направи херојски подвиг. Ја исплива делницата од Свети Наум до охридското пристаниште. Стотици сограѓани го пречекаа со долготраен аплауз јунакот кој има само 12 години.

Неговата храброст е за 100 пати поголемо воодушевување и чудење ако се знае дека кога пред две години правел операција на тестисите добил инфаркт на колкот.

12 годишниот Марко редовно учествува на Охридскиот пливачки маратон на трката од 2,5 километри, но сега се спрема да плива од Св. Наум до Охрид.

Должина 30 километри, потребно време околу 9 часа.

Поврзани

Најнови вести

Коментари