logo
logo
logo

Братската пресметка во Битола за поискусните

Vecer | 14.04.2021

Братската пресметка во Битола за поискусните

Двата тима од Битола се пресметкаа во рамките на шестото коло во плеј-офот во Супер-лигата. Очекувано, победата отиде на сметка на Е.Пелистер кој со 28-21 (14-10) славеше против Е.Пелистер 2 за петти триумф оваа сезона.

Избраниците на Жељко Бабиќ мечот го решија со една серија, со четири поени во низа, поведоа со највисоки 12-6, на полувремето беше 14-10.

До крајот беше чиста формалност, Е.Пелистер 2 ја немаше потребната сила за сензација, па првата радост ќе ја бара во некои од следните натпревари. Мандалиниќ со осум и Периќ со пет беа први стрелци кај победникот, на другата страна Анaстасиејевиќ имаше четири гола.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk