logo
logo
logo

Борусија Дортмунд ги украси витрините со трофејот од Купот на Германија

Vecer | 13.05.2021

Борусија Дортмунд ги украси витрините со трофејот од Купот на Германија

Екипата на Борусија Дортмунд се закити со трофејот од Купот на Германија откако вечерва во финалето на Олимпискиот стадион во Берлин славеше со 4:1 против РБ Лајпциг. Уште по првото полувреме „милионерите“ имаа предност од три гола затоа што погодија Џејдон Санчо два пати и еднаш Ерлинг Халанд.

Во второто полувреме Лајпциг намали со голот на Дани Олмо во 71. минута, а во 87. минута Халанд ја запечати победата за Дортмунд.

Ова е петти трофеј од Купот за Борусија Дортмунд и прв после 2017 година.

Лајпциг не успеа да триумфира во Купот во вториот обид. Во првото финале во 2019 година беа поразени убедливо (0:3) од Баерн Минхен.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk