logo
logo
logo

Борко Ристовски: Антиќ не дава ништо за кошарката и за спортот, жал ми е што се доведе на едно вакво ниво!

Vecer | 23.04.2021

Борко Ристовски: Антиќ не дава ништо за кошарката и за спортот, жал ми е што се доведе на едно вакво ниво!

Борко Ристовски испрати сериозни критики на адресата на претседателот на КФСМ, Перо Антиќ. Искусниот голман на Вардар и еден од најдобрите репрезентативни чувари за „Backstage“ изјави дека е разочран од она што го прави Антиќ во последно време, потенцира дека вистинските вредности кои треба да ги има еден спортист како него веќе одамна ги има изгубено.

„Не ми се допаѓа она што го претставува во овој момент, сепак е некогашен спортист, човек кој треба да биде идол, а младите дечиња треба да се огледаат на него. Мислам дека тие вредности кај Перо се изгубија некаде по пат или можеби човекот сам се изгуби. Она што го преставува во овој момент е причината за моите објави и критики.

На големо жалење, човекот во последно време не дава ништо на кошарката и на спортот. Јас имам мало детенце, не сакам утре мојот син да има идоли како Перо. Жал ми е што еден голем спортист си дозволи да се доведе на ова ниво.

Од успешниот спортист, Перо Антиќ веќе не е ни бледа сенка. Цела македонска јавност е свесна за сите јавни тајни кои кружат“, рече Борко.

Во продолжение можете да го поглднете целиот разговор:

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=-8SSeajtmFs[/embed]

 

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk