logo
logo
logo

Борче Христов: Значајни бодови за нас, можевме и поубедливо да го победиме Вардар!

Vecer | 28.04.2021

Борче Христов: Значајни бодови за нас, можевме и поубедливо да го победиме Вардар!

Борец – Вардар 2:0, тоа е епилогот од денешната битка за опстанок во Велес, во меч од 30.коло во ПМФЛ. Борец освои големи три бода и тоа против директниот конкурент, четата на стратегот Борче Христов беше далеку подобра, создаде повеќе шанси и апсолутно заслужено победи.

Максимално влеговме во натпреварот. Знаевме дека ова е многу важен меч за нас по се она што ни се случуваше на минатите средби кога игравме добро а немавме среќа. И на овој натпревар со Вардар создадовме повеќе шанси, а реализиравме само две. Искрено заслужено победивме, но можевме таа победа да ја изразиме со поголема разлика. Сепак најважни се трите бода“ изјави за СПОРТМЕДИА стратегот на велешани Борче Христов.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk