logo
logo
logo

“БОМБА“ трансфер: Шкупи плати 100.000 евра за репрезентативец на Гвинеја (ВИДЕО)

Vecer | 11.02.2021

“БОМБА“ трансфер: Шкупи плати 100.000 евра за репрезентативец на Гвинеја (ВИДЕО)

Трансфер “Бомба“ на Чаир во последниот ден од преодниот рок. Имено Шкупи го доведе репрезентативецот на Гвинеја, Мамадоуба Бангоура. И за него чаирчани платите дури 100.000 евра отштета.

Е, ова е трансфер. Браво за Шкупи.

Инаку Бангоура игра офанзивец, може да игра како крило, но и како класичен шпиц. Секако дека ова е супер засилување.

Шверцерите“ се во транс. Со Матеј Цветаноски, со Реџиналдо, со Бангоура и останатите, тимот на Хасна Озер има супер напад и може слободно да тргне по титулата во ПМФЛ.

Бангоура има играно, покрај другите и за екипата на Калум стар, од каде доаѓа во Скопје, на Чаир, во Македонија.

За каков екстра квалитетен играч станува збор, да кажеме и тоа дека со само 20 години, Бангоура е репрезентативец на својата земја, а пред пет дена на Камерун му ја тресел мрежата при победата на Гвинеја од 2:0.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=kjL3KwJRo54[/embed]


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk