logo
logo
logo

Богдановиќ „распали“, Лејкерси продолжуваат во ритамот падни-стани (ВИДЕО)

Vecer | 14.04.2021

Богдановиќ „распали“, Лејкерси продолжуваат во ритамот падни-стани (ВИДЕО)

Изминатата ноќ во НБА-лигата се одиграа шест натпревари. Во центарот на вниманието се најде Богдан Богдановиќ, кој беше главниот лидер во триумфот на Атланта над поранешниот првак Торонто од 103-108.

Српскиот репрезентативец беше прв стрелец со 23 поени, шест скока и четири минути, сето ова за 40. минути на теренот. Богдановиќ имаше 50% реализација од поле. Покрај него добра партија пружи и Капела со дабл-дабл учинок од 19 поени и 21 скок.

За Атланта ова беше четврта победа во низа, вкупно 30, со скор од уште 25 порази се наоѓа на четвртото место на табелата во Источната конференција.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=PGYxXazubFo[/embed]

Лејкерс продолжуваат во ритамот падни-стани. По поразот од Њујорк во минатото коло, сега го совлада Шарлот со 101-93. И на оваа средба во преден план беше Кузма со 24 поени, зад него беше Шрудер, кој застана на 19 поени.

Актуелниот првак во НБА-лигата и натаму останува на петото место на табелата во Западната конференција со учинок од 34-21. Отсуството на Леброн Џејмс и Ентони Дејвис е причина за падот на табелата.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=Fuvh6V3Hl3c[/embed]

На останатите средби: Индијана – ЛА Клиперс 115-126, Јута – Оклахома 106-96, Феникс – Мајами 106-86, Портланд – Бостон 115-116. 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk