logo
logo
logo

Богдановиќ најави коренити промени во Работнички

Vecer | 05.06.2021

Богдановиќ најави коренити промени во Работнички

Работнички не успеа да дојде до ниту една од двете титули оваа сезона. Најтофејниот кошаркарски колектив во полуфиналето на плеј-офот беше елиминиран од Еуро Никел, додека во финалето на Купот на Македонија беше совладан од градскиот ривал.

Ова за еден клуб како што е Работнички е еднакво на голем неуспех, па токму затоа во „Градски парк“ ќе се случат коренити промени, кои ги најави градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ. Не само на тренерот Димитар Мираковски, туку и на сите во клубот договорите им се истечени. Она што е сигурно е дека Мите следната сезона нема да биде на клупата на најтрофејниот кошаркарски колектив.

„Во моментов на сите играчи им е истечен договорот. Во Работнички ќе има нова реорганизација, нова структура, нов начин на функционирање. Ќе работиме на зајакнување на првиот, вториот тим и на младинската школа. Кога сме кај младите имавме над 500 деца, но сега оваа бројка ќе биде значително зголемена“, најави Богдановиќ во разговор со СПОРТМЕДИА.

Разочарувањето не го криеше, оваа сезона, тој очекувал многу повеќе.

„Работнички оваа година имаше добри услови, беше многу инвестирано. Јас бев убеден дека ќе освоиме титула. Не би сакал да навлегувам во детали, но не знам, можеби тимот ја немаше потребната хемија. Како што кажав ќе направиме промени за да следната сезона ги оствариме нашите амбиции“, додаде Богдановиќ.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk