logo
logo
logo

Боди-билдинг и фитнес федерацијата побараа продолжување на нивните активности

Vecer | 12.04.2021

Боди-билдинг и фитнес федерацијата побараа продолжување на нивните активности

На барање на ББФФМ се одржа работен состанок меѓу, Комисијата за работа во услови на пандемија при ББФФМ во состав: М-р. Ирена Митровска, М-р. Мартин Видоевски, како членови на комисијата и Бобан Ѓороски од една страна и Силвија Митевска, советничка за спорт, како домаќин организатор на средбата, и Наумче Мојсовски, директор на Агенцијата за млади и спорт.

Тема на средбата беше моменталната забрана за работа на фитнес-клубовите и тековните проблеми кои федерацијата се обидува да ги реши во последните неколку години, поврзани со незаконско работење на голем дел од бодибилдинг и фитнес клубовите на територијата на Македонија, поради неусогласеноста со Законот за спорт и работење без соодветно Решение за вршење дејност спорт, како и ангажирање на не соодветни стручни лица, тренери/инструктори во клубовите.

„Побарано е да се издејствува можност регистрираните натпреварувачи  и клубовите членови на федерацијата веднаш да продолжат со своите редовни активности и тренинзи, да се дозволи непречено реализирање на програмата со  одржување на квалификационен првенствен натпревар, каде ќе можеме да  избереме репрезентација која достојно ќе не преставува на меѓународните  првенства кои се на прграмата во месец мај и јуни. Комисијата за работа на  федерацијата и незините клубови во услови на пандемија, во изминатиот период  преку своите извршени контроли во клубовите кои се дел од федерацијата, утврди  дека се работи под строга примена на протоколот за работење со цел спречување на  ширење на заразата и тврди дека во изминатиот период клубовите кои членуваат во  федрацијата не преставуваат опасност за ширење на заразата и не постои кластер теретана“, велат од ББФФМ.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk