Жером Боатенг нема следната сезона да настапува за тимот на Баерн Минхен. Ветеранот се сели во друг клуб, и денеска против Аугзбург го одигра последниот меч за Баварците.

Беше во стартниот тим излезе во 60. минута и при замената не можеше да ги сопре солзите. Заплака поздравувајќи се со соиграчите за последен пат.

Боатенг е еден од оние играчи на Баерн кои со клубот има освоено се што може да се освои и е еден од најтрофејните фудбалери во Европа. Одигра вкупно 364 мечеви и постигна десет гола.

sportmedia.mk