Блумберг: Бојкотот за светското првенство, пропадна...

Русија може да добие на меѓународно ниво организирање Светско првенство 2018 година, бидејќи обидот за бојкот на фудбалскиот турнир не успеа, пишува Блумберг.

Агенцијата наведува дека британската премиерка Тереза Меј порано изјавила дека британските официјални претставници и членови на кралското смејство нема да одат на Светското првенство во Русија поради "замешаноста" на Москва во случајот "Скрипал".

После тоа, Лондон со САД и европските сојузници разговарале за можен бојкот на Мундијалот, но како што истакнува Блумберг, британската тврда линија не добила подршка.

Од сите европски земји на повикот одговрил само Исланд, каде што нивните официјални претставници изјавиле дека нема да одат на СП солидаризирајќи се со Велика Британија.

"Ако зборуваме за ситуацијата во врска со СП во Русија, Москва го победи Лондон со резултата 1:0", пишува Блумберг.

Светското првенство во фудбал ќе биде одржано од 14 јуни до 15 јули во 11 градови во Русија: Москва, Санкт Петербург, Самари, Саранск, Ростов на Дон, Сочи, Казањ, Калинград, Волгоград, Нижен Новгород и Екатеринбург.

Поврзани

Најнови вести

Коментари