Бомба од Чаир… Македонскиот младински репрезентативец и еден од најдобрите играчи сезонава на Струга Трим Љум, Блертон Шеји е нов играч на тимот на Шкупи. По трката која чаирчани ја добија со Шкендија за овој мега талент, Шкупи ќе мора да им исплати 70.000 евра на стружани.
Со ова Шкупи добива екстра играч кој може во иднина многу да напредува и во него да има носител на играта, а и играч кој може да напраи мега трансфер во стрнаство доколку продолжи со екстра игрите како досега. Од Чаир засега потврден покрај Блертон Шеји, е и Томче Китановски, а веќе промовиран е Фисник Зука.

sportmedia.mk