logo
logo
logo

Блертон Шеји: Струга ТЛ во Струмица оди по трите бода!

Vecer | 28.02.2021

Блертон Шеји: Струга ТЛ во Струмица оди по трите бода!

 

Откако во првото пролетно коло не беше во составот на Струга ТЛ  поради картони, Блертон Шеји, еден од најдобрите фудбалери на тој тим, повеќе од сигурно е дека денеска во Струмица на гости кај Беласица ќе го даде својот максимум неговата екипа да дојде до добар резултат. Колку за потсетување, стружани минатата недела на свој терен одиграа 1:1 против Македонија ЃП.

За СПОРТМЕДИА, во пресрет на денешниот меч, кој почнува во 14 часот, Шеји вели…

“Видете, познато е дека Струга Трим Лум без разлика каде и против кого ќе игра, оди на победа, оди на три бода. Така и денеска. Јасно е дека го респектираме составот на Беласица, се виде минатиот викенд тој тим што може да направи кога на гости ја победи Ренова. Сепак ние сме Струга Трим Лум, поседуваме квалитет и сметам дека ако одиграме како што се очекува од нас, тогаш може ја оствариме целта, а таа е победа над Беласица“.

Пред две недели, Шеји, како еден од најдобрите бекови во ПМФЛ, беше повикан од страна на селекторот Игор Ангеловски во репрезентативниот камп во Скопје.

“Секако дека ми годи тоа што бев во тоа друштво. Тоа беа денови на кои ние повиканите се обидовме да се наметнеме кај селекторот за во иднина. Реков дека е убаво да се биде меѓу најдобрите фудбалери во Лигата. Јас сум презадоволен, тоа ми дава мотив да работам и тренирам уште повеќе“ заврши Блертон Шеји кој е и младински репрезентативец на Македонија


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk