logo
logo
logo

Битолчани со кампања „Со срце за Пелистер“

Vecer | 12.04.2021

Битолчани со кампања „Со срце за Пелистер“

Дека Битола и „Чкембарите“ го сакаат својот Пелистер тоа не е новост. Тоа се горди навивачи кои секогаш биле со клубот без разлика како котира, дали реди успеси или пак се мачи.

Во моментите на пандемија коронавирус кога навивачите не можат да ги следат мечевите на својот омилен клуб од лице место, во Битола е покрената кампања за купување на билети, со што ќе му се помогне на клубот.

„Навивачи, пријатели, симпатизери, бивши и сегашни фудбалери, фирми и здруженија, почитувачи на зелено-белата боја,

Поради огромниот број на барања и желби од Ваша страна за да му помогнете на ФК Пелистер, во време кога не можете да бидете на трибините, да навивате и да го бодрите Вашиот омилен клуб, и да дадете Ваш придонес во добрите резултати кои во овој момент ги постигнува клубот, одлучивме за третиот дел од првенството да организираме виртуелна продажба на комплет карти за натпреварите на ФК Пелистер.

Свесни дека овој наш потег, може да предизвика најразлични коментари, ама тргнувајќи од фактот дека постојат огромен број на фудбалски вљубеници кои сакаат да помогнат, по долго размислување, одлучивме за третиот дел од првенството, да ставиме на располагање виртуелни карти со кои, се разбира доколку имате желба, ќе му помогнете на ФК Пелистер и ќе бидете учесник во добрите резултати.

Пелистер во третиот дел на домашен терен ќе одигра вкупно пет натпревари, а цената на комплет картите за четири натпревари ќе биде 500 денари, или 8 евра за нашите навивачи кои живеат во странство. Картите ќе можете да ги купите онлајн преку њњњ.влез.мк, а средствата ќе бидат директно уплатени на жиро сметката на клубот. Се разбира, доколку во наредниот период, се дозволи влез на стадионите, картите ќе можат да бидат искористени и за физичко присуство на натпреварите во Битола. За бројот на продадени карти, јавноста ќе биде навреме информирана, а се надеваме дека огромен број на наши симпатизери, јавно ќе ја поддржат кампањата на социјалните мрежи.

Со искрена надеж, дека оваа наша иницијатива ќе биди прифатена и поддржана од голем број на навивачи на Пелистер. Ве поздравуваме и Ве очекуваме“, се вели во соопштението на клубот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk